Компјутер за секој наставник, за да има настава од септември

Почетокот на новата учебната година и планираната дигитализација во образованието секојдневно пред нова нагорнина. Но тоа не се единствените проблеми на министерката Царовска . до септември, ќе мора да најде начин да го смири гневот кај наставниците кои користеа сопствени ресурси за, како-така да ја одржуваат во живот онлајн наставата..Од синдикатите реагираат дека наставниците кои користеле свои компјутери за наставата, во новата учебна година нема да мрднат со прст за новите образовни реформи.

Дигитализацијата како ја имаат планирано не сум во целост запознаен само можам да кажам една работа дека барем во тие што сме во контакт наставници нема повеќе да носат компјутери од дома. Нема повеќе да носат средства за работа. Апелирам до надлежните институции како ја планирале наставата да си обезбедат соодветни средства. Во моментов недостасуваат компјутери, лоша струја, да не се ослонуваат дека пандемијата, беше што беше ние уште тогаш реагиравме, сега расте и бројот на членови, ќе има голема група на наставници кои ќе си го искористат своето право и образот ќе го обелат и да се тргне онаа анегдота што велат 30 години наставниците се носат, цела куќа да ја однесе рече Гиевски.

Од СОНК велат дека министерката ги убедувала дека образовните реформи нема да им наштетат на правата на наставниците.  Ако реагираме вели претседателот Неделков ќе не третираат како да креираме политика.

Апсолутно нема да дозволиме ниту еден работник, без разлика на кое работно место е да остане без работа поради  дигитализација или било каква реформа во образованието. Прво секагаш е основно кога разговараме за некаква реформа, за некакви промени кои се неминовни, дали во образование или други сфери на општествените дејности неминовно е да има нова едукација, да има ново оспособување на работниците за новите работни предизвици рече Неделков.

Бојкот на старот на новата учебна година најавија и од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ бидејќи министерката Царовска не обрнува внимание на нивните барања и референдумот против законот за учебници.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста