Комисијата за заразни болести одлучува дали ќе има дневен престој

Колку подолго децата минуваат во затворените училници толку е поголем ризикот за ширење на корона вирусот, алармираат докторите. Микробиологот Никола Пановски вели оти доаѓаат постудени денови, кога училниците е невозможно често да се проветруваат, па ризикот едно инфицирано дете да ја рашири заразата во училиште е поголем. Невозможно е вели децата за целото тоа време да носат и маски.

„Со тоа што тешко е да се очекува дека децата цел ден ќе носат и маски. Се зависи од временските прилики, кога ќе се загади воздухот, кога ќе бидат затворени прозорите навистина опасноста е се поголема и поголема“, вели доктор Пановски.

Пановски вели оти побезбедно ќе било групите со ученици да се намалат на по 10 деца во група, но и дека надлежните задоцниле со стартот на учебната година, која според него требала да почне уште во август кога временските услови дозволуваа децата да учат и на отворен простор.

„Требаше тоа да биде подготвено уште во март месец па дури и онлајн да беше, зошто се одлага? Не мора на оваа платформа да е, знаете на тоа до сега што си учеа децата да продолжат, нешто ќе научеа. да не зборам што можеше надвор да држат настава со отворени прозори, значи никаква опасност… Мене ми е криво што децата сега се многу повеќе во контакт отколку што ќе беа ако беа во училиште“, вели тој.

Епидемиолозите од Комисијата за заразни болести беа против можноста за целодневен престој во училиштата, но попуштија под притисок на родителите, па сега ја разгледуваат и оваа опција. Конечната одлука ќе се донесе откако ќе се анализирал бројот на деца кои побарале целодневен престој, велат за Алфа од Министерството за здравство. Дали ќе дадат препорака до Владата ќе се знаело во следните денови.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста