Комисијата за заразни болести донесе предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, без ПЦР-тестирање

Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, без ПЦР-тестирање, информира Министерството за здравство.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на внесени случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Предлог-одлуката ќе биде доставена до владата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста