Kомисија за заразни болести: Oтварање на граници на 1 јуни, во четврток кафеаните и укинување на полициски час

Отворање на кафулињата од утре или задутре, пуштање на границите од 1 јуни и укинување на полицискиот час, предлага Комисијата за заразни болести. Оваа информација за Алфа ја потврдија и од министерството за здравство.

Оваа одлука е донесена, и во текот на денот Владата ќе ја разгледува на денешната седница. Дознаваме дека имало дилема околу отворањето на границите, како и под кои услови, но и за полицискиот час, а за кафеаните 90% владата ќе ја прифати одлуката.

Претходно, газдите на локалите најавија дека ако власта и натаму тактизирала околу нивното отворање, во знак на револт ќе пуштале музика секој ден од 12 до 18 часот.

Направивме обиколка околу Скопје, сите локали чекаат амин за да почнат со работа.

Граѓаните сакаат да се отворат локалите, но добар дел од нив велат дека ние како народ сме биле многу недисциплинирани, на што мора сериозно да се работи.

Локалите ќе работат под строги услови. протоколите предвидуваат ограничено работно време до 18 часот, да работат само отворените делови односно терасите, ограничување на бројот на гости по четворица на маса, растојание од маса до маса.

Претходно, веќе реагираа и од туристичко-угостителскиот сектор. Алармираат дека им се закануваат откази на дури на 20.000 работници, а загуби со кои се соочуваат биле огромни. Сега на потег била Владата да им помогне, иако до сега ниту една мерка не вродила со плод.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста