Колумбија: Најмалку 17 загинати во свлечиште

Повеќе од 17 лица загинаа, а 13 исчезнаа при лизгање на земјиште во Колумбија, предизвикано од обилни врнежи од дожд, соопштија денеска властите.

Свлечиштето вчера зафати неколку куќи во југозападниот дел на земјата, околу 630 километри од Богота.

Претседателот на Колумбија Иван Дуке го посети местото на несреќата и рече дека е упатена помош за загрозеното население.

Спасувачките екипи ја продолжуваат акцијата за потрага по исчезнатите.