Колку тежи Зоран Заев?

Колку тежи Зоран Заев, дали колку што пријавил во анкетниот лист или пак како што кажува наводно неговиот глас во аудио бомбата од вчера, дека има капитал од 8,5 милиони евра?

Дали го лаже соговорникот во разговорот објавен на YouTube или пак не пријавил се во анкетниот лист?

Според податоците кои се достапни на веб страницата на Владата, екс премиерот поседува имот и заштеда од околу 730.000 евра што е речиси 12 пати помалку од онаа сум од 8.5 милиони евра капитал.

Во она што го пријавил Заев до институциите дека го има, поголемиот дел е впишан како имот на неговите родители, сопруга, како и банкарски депозити.

На веб страницата на Државната комисија за спречување корупција во категоријата за податоци од анкетните листови за имотната состојба на избраните и именуваните функционери кога ќе се впише името на екс премиерот Заев не покажува никакви податоци.

Иако Зоран Заев доаѓа од богато семејство, каде неговиот брат и братучеди поседуваат фирми за правење ајвар, плантажи за одгледување на канабис за медицински цели и слично, според анкетниот лист објавен на сајтот на Владата Заев е потпосечно ситуиран македонски граѓанин кој живее во куќата на неговите родители.

Од друга страна пак во аудио бомбата објавена завчера наводно неговиот глас вели дека има огромен капитал.

ХХ: Што се милион за тебе…
З.З: Јас имам осум и пол милиони евра капитал.

Пред неколку дена Зоран Заев тврдеше дека не знаел ниту да напише милионски суми, но после аудио материјалот објавен сигурно е дека знае како да ги изговори.

 Овие 4 милиони 6 милиони 8 милиони јас вие веројатно не знаеме ниту да ги напишеме. И тоа грозотијата сама по себе кажува колку со леснотија ги спомнуваат тие милионите, истакна Заев пред неколку дена.

Останува отворено прашањето ако аудио снимката во која наводно гласот на Заев зборува за милионски суми е од пред неколку години, што довело сега да има само неполн милион евра и тоа не се на негово име?

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста