Колку “скапо” ќе не чинат изборните прегратки ?

Прегрнувања, поздравувања, говори без дистанца – кој со маска, кој без маска – вака го славеа синоќешниот изборен ден дел од политичките партии. 193 лица заболени од Ковид19 на денот на изборите, после изборите каква ќе биде состојбата никој не знае ? Епидемиологот Драган Даниловски за Алфа со предупредување – изборните прегратки и непочитувањето на мерките ќе влијаат на порастот на бројките на заболени од корона вирус.

“Вчерашните славења може да влијаат на пораст на бројките, почнувајќи веќе од сабота, па до крајот на месецот. Големината на порастот ,којашто дефинитивно е неминовен, ќе зависи од тоа во колкава мера се почитувале мерките за лична заштита. Се носеа ли маски, се држеше ли дистанца. Колку што сум информиран одговорот е “да”, ама сосема ретко.” – вели епидемиологот Драган Даниловски.

И микробиологот Никола Пановски алармира за непочитувањето на мерките за изборниот ден, и на тоа на кој начин партиите ги организирале прославите како најкритични можни кластери ги издвои општините со албанско население.

“Имаме многу активни случаји особено во Скопје, а и тие општини што славеа се водечки рекордери на активни случаји. Таму сигурно на десет случаи има по еден активен што не сме го откриле, затоа големи се шансите да се прошири вирусот, и во тие места и во тие партии.” – вели Пановски.

Инаку, професорот д-р Дејан Трајковски, беше единствениот, кој уште пред еден месец, предвиде, дека до 15-ти јули, вкупниот број на заразени со ковид во Македонија, ќе надмине 8 илјади – за жал, беше во право.

“Каков ќе биде државниот одговор не е познато, затоа што имаат на располагање повеќе мерки и затоа нешто мора да се превземе. 4.000 новозаразени месечно и 203 во просек новопочинати за еден месец не е мала бројка.” – изјави за Алфа Трајковски.

Постизборно, според последна прогноза на професорот Трајковски бројот на вкупно инфицирани, до 25 јули, ќе достигне помеѓу 9.400 и 10.400.

Ања Василева 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста