Колку ќе се шири кластерот свадба во тетовско Џепчиште – мештаните не се загрижени

Заразените од кластерот свадба во Џепчиште, се од повеќе населени места.Надлежните велат дека не можат да прецизираат каде има најмногу сконцентрирани случаи.Истите луѓе кои биле на таа свадба, потоа биле и на други семејни прослави.Денеска бевме во Џепчиште-улиците празни, луѓе едвај сретнавме,но,забележавме повеќе куќи накитени за семејни прослави.

Од двата кластера што се појавија минатата недела, со што значително се зголеми бројот на заразени во тетовско,поголемиот кластер е од свадба од овде, од тетовско Џепчиште.Но,џепчиштани не се многу загрижени за состојбата со вирусот.

Мештаните тврдат дека не слушнале оти во нивното село има заразени и дека се прават  многу свадби.Сепак,велат, мора самите луѓе да се пазат и внимаваат.

И иако повеќето заразени пациенти се докажани дека се од кластерот свадба, градоначалничката на Тетово пак, Теута Арифи,си има поинакво објаснување. Граѓаните патувале, па се правеле повеќе тестови,а со тоа имало и повеќе позитивни.

Тетово за само една недела регистрираше над 50 заразени со ковид. Бројките се очекува да растат и натаму,оти свадбите си продолжуваат,а мерките не се почитуваат.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста