Колку гушкање ни е потребно за да преживееме?

Гушкањето не е ништо друго освен гест на љубов, топлина, внимание. Едноставно чувство на топлина која доаѓа од другиот, може да излечи многу болести, вклучувајќи го и Егото. Доволно е повторно да ве претвори во дете.

‘Потребни ни се 4 гушкања дневно за да преживееме, 8 за одржување и 12 за раст’- рече Вирџина Сатир.

Луѓето се создадени да примаат и нудат прегратки, а тоа е облик на примарен општествен контакт, облик на комуникација, основна потреба, помагање во развојот и одржување на телесното и емоционално здравје и на децата и на возрасните.

Ошо ја нагласува и исцелителната моќ на гушкањето. На телото му треба вода, храна и одмор, на душата и’ треба љубов и гушкање од вистинска љубов. Еве што Ошо не’ учи во ‘ Книгата за егото’…

Љубовта е најголем терапевски феномен кој постои. Човекот чувствува потреба да биде сакан. Тоа е една од главните потреби на човекот. Ако не се чувствува сакано, човекот почнува да се откажува од се’. Ако чувствува дека животот на никој не му е важен, ја губи смислата за себе. Затоа љубовта е најголема можна терапија. На светот му е потребна терапија, токму затоа што и’ недостига љубов.

Во светот полн со љубов, терапија воопшто нема да биде потребна; љубовта ќе биде доволна. Гушкањето е само гест на љубов, топлина, внимание. Денес психолозите сфатија, дека ако детето не е доволно гушкано и љубено, тоа не може да биде нормално. Му недостасува одредена врста на храна.

Душата треба да се храни, како и телото. Можете да го запознаете детето со сите физички потреби, но ако никогаш не го гушнете, тоа нема да порасне нормално. Неговата психа нема да расте. Секогаш ќе се чувствува тажно, занемарено, несакано. Физички се храни, но не и емоционално.

Извор: pozitivаnzivot

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста