Kaракачанов: Колегите од Скопје во таканаречената историска комисија се инатат како магаре на мост

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов повторно со провокации, во Македонија и Бугарија живеел еден народ кој зборувал еден јазик. Тврди тие како држава биле големи помагачи на Македонија на секое поле, очекувале од нас колегијален однос, а добиле, како што вели лидерот на ВМРО-БНД, задкулисни игри.

Воочивме дека во сите овие години дека има задкулисни игри. Скриени или директни претензии за некое таканаречено македонско малцинство, како и глупавата претензија населението во областа на Благоевград да го изучува таканаречениот македонскиот јазик кој е создаден во 1945 година. Ваквите апсурди ги има само во некои коминтерновски мозоци, а за жал политичката елита во Македонија е продукт на коминтерновско југословенска идеологија на антибугаризмот-вели Красимир Каракачанов – вицепремиер на Бугарија.

Каракачанов вели дека тие барале едноставна работа, а тоа било да се почитува договорот и историските факти. А нашите претставници во мешовитата историска комисија кои се инаетеле за некои историски факти ги спореди со магариња на мост.

Сега  колегите од Скопје во таканаречената меѓудржавна историска комисија се инаетат како магаре на мост. Тие имале некое си мулти не знам какво гледање на историјата. Извинете, вие може да имате какво сакате видување на историјата, историјата е наука која треба да содржи точни факти-вели Красимир Каракачанов – вицепремиер на Бугарија.

Бугарскиот министер за одбрана вели дека ние може ќе сме одлучеле да се нарекуваме марсовци, ама тоа не го правело цар Самоил дека е од Марс.

Вие утре може да решите дека сте марсовска нација, и цар Самоил се симнал од Марс , ама не е така-вели Красимир Каракачанов – вицепремиер на Бугарија.

Каракачанов не заборави да и забележи на македонската власт дека во своите изјави не ги споменувале наводно бугарите кои живееле во Македонија, ги споменувале македонците, албанците, власите, бошљаците и другите нации кои живеат во земјава, но не и бугарите, за кои како што вели бугарскиот вицепремиер биле во голем број.

Тој во интервјуто за бугарските медиуми  даде и свое мислење за преименувањето на Денот на словенските просветители, вели дека азбуката е создадена во бугарските земји, во земјите на бугарските кралеви и дека Бугарија им ја дала на другите Словени.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста