Која „БРИМА“ ги прави анкетите во кои секогаш води СДСМ и Заев?

Која е  агенцијата „Брима“ која ja спроведе анкетата  за политичките ставови на населението во Република Македонија? Под името „Брима“ не постои агенцијата на интернет, но се појавува „Брима ДОО“ за која стои дека е под интернационалната агенција Брима Галуп.  Побаравме одговор од Брима Галуп: Дали Брима, која вчера го објави истражувањето е нивна испостава или се точни обвинувањата од опозицијата дека  тоа е македонска фирма основана од бугарскиот социолог Андреј Рајчев, а која спроведува анкети во континуитет по нарачки на премиерот Зоран Заев и преку медиуми блиски до власта? На маилот не одговорија, а никој не крена и на телефонските повици во канцеларијата:

Во меѓувреме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски,  изјави дека преку тендер Владата платила 120.000 евра за се спроведе анкетата на „Брима“, а резултатите ќе бидат  во полза на СДСМ. Од Владата веднаш демантираа. Оттаму во соопштение напишаа дека не постои јавна набавка за анкетата односно истражување на јавното мислење на Брима, ниту пак истата е платена со пари на граѓаните. Побараа дури и извинување на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Демантираа и од приватната агенција за испитување на јавното мислење, „БРИМА“. Нивното истражување било спроведено од 27август до 9 септември 2021 година и било нарачано и платено од „Слободен Печат“. Демантот на „Брима“ го објави токму Слободен Печат.

Последната анкета на „Брима“ покажува дека Соцјал-демократскиот сојуз е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ, односно 19,5% од испитаниците би гласале за СДСМ, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%. 

Претходното истражување на „Брима“ исто така покажа предност на СДСМ пред ВМРО ДПМНЕ. И тогаш најголемата опозиција реагираше дека агенцијата „Брима“ не и е позната на „Брима Галуп“, и дека анкетите се штелуваат по нарачки на СДСМ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста