Кој се богати од кириите на ЈП „Водовод“ – Струга? Мерко пред две години ја продал зградата која се наоѓала на атрактивна локација во градот

Пред две години општина Струга ја продаде целата парцела и зградата во која беше сместено јавното претријатие “Водовод” на исклучително атрактивна локација до кејот на реката Дрим,за потоа да го премести во друг објект за кој сега месечно плаќаат  3.170 евра или 28.000 евра за девет месеци-ова стои во извештајот кој се најде пред гратските советници. Дел од нив јавно прашуваат во чиј џеб завршуваат овие баснословни суми на пари,чија е сопствоста на таа зграда и како истата е стекната ? Покрај киријата дебели пари се трошеле и за струја-месечно 33.000 евра,во ставката останати трошоци се впишани 67.000 евра,потоа 6.500 евра биле потрошени за резентација, а 1165 евра за интернет и телефон.

Човек кога ќе ги види сите овие цифри ќе се запраша со што се занимавате?Дали копате криптовалути или работите снабдување со вода ? На крај се поставува едно сосема легитимно и логично прашање, дали некој треба да сноси одговорност за лошото работење, особено затоа што според програмата за работа донесена измината година сте планирале дека годината ќе ја завршите со добивка од 2 милиони 390.000 денари.За 9 месеци нема ни П од плус во работењето – изјави Никола кукунеш – советник на ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на струшки водовод Дашмир Насуфи, вели дека договорот за киријата го наследил од неговиот претходник и дека правел напори тоа да го смени.Тој не сакаше конкретно да им одговори на советници кој стои зад овој договор и чија е згадата во која сега е сместено претпријатието?

”Станува збор за околу 468 квадратни метри и станува збор за некој газда од Албанија, газда на целиот објект. Половина е на некој граѓанин од Струга, што не би сакал да го споменувам. Ако сакате после советот можете да дојдете и да видите – изјави Дашмир Насуфи – директор на ЈП „Водовод Струга“

Извештајот за работењето на Ј.П.”Водовод Струга ” откри дека за 9 месеци од 2021-ва година биле потрошени баснословни суми на пари за кои не се знае со која цел биле предвидени а потоа и потрошени-велат советниците.

Во претријатието кое сега работи со загуби од 300.000 евра, парите за реперентација се потшиле за работниците  кои како што кажа директорот ги носел на јадење за нивната прекувремена работа.

Инаку, високи кирии плаќа и Јавното претпријатие за паркинзи „Еко Струга“ кое е сместено во истата зграда со “Водовод” –тие за простор од 65 кадрати плаќале по 2.000 кирија месечно..

 Сето ова предизвика силни реакции и на социјалните мрежи,стружани сметаат дека има елементи со кои може да се позанимава и државната комисија за спречување корупција .

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста