Кој од градоначалниците на СДСМ ќе извиси? – Богдановиќ и Димитриевски очекуваат поддршка за кандидатурата
Дали едни од некогашните најблиски соработници на Заев ќе извисат за официјална кандидатура од СДСМ? Соопштени се дури 35 имиња кои социјал-демократите ги номинираат да учествуваат на претстојните локални избори, но имињата на Саша Богдановиќ за Центар, Максим Димитиревски за Куманово, Златко Марин за Аеродром, како и Стефан Богоев за Карпош засега не се дел од таа листа. Актуелните градоначалници кои ја поднесоа својата кандидатура во партијата за втор мандат очекуваат поддршка од Заев и раководстото, но дали ќе ја добијат останува отоврено прашање, затоа што никој од нив,барем досега во ниедна фаза не е објавен.
Се погласни се шпекулациите дека кандидатурите ќе им бидат дадени на други лица. Неофицијално за Центар го токмат Горан Герасимовски, но сепак Богдановиќ за Алфа вели дека очекува поддршката од социјал-демократите да му припадне нему.
Секако дека очекувам поддршка-рече Богдановиќ.
Не се знае ниту дали Богоев ќе трча на изборите, како негова замена во политичките кругови се споменува сегашниот директор на водовод и канализација Душко Весковски.
Не се знае ни дали Димитриевски ќе успее да добие шанса за повторно да се бори за градоначалничката фотеља. И покрај несогласувањата со актуелното партиско раководство, тој ја очекува нивната поддршка.
Секако очекува поддршка,детално кога и како ќе биде соопштено, ќе се информирате во мојата партија. Во моментов мојот фокус е на кризната состојба со пожарите и инфраструктурните и тековни работи во општината-рече Максим Димитиевски – градоначалник на Куманово.
Кога ќе бидат објавени и останатите кандидати за градоначлници,нема точна информица. Од партијата велат дека прават внатрепартиски анкети, за да го проверат пулсот на граѓаните.
Мери Ѓорѓиевска