Кој ќе ја контролира владата за време на вонредна состојба?

Во услови кога собранието е распуштено, а е прогласена вонредна состојба не постои механизам за контрола на законитоста на владините уредби со законска сила. Како во однос на трошењето на парите од буџетот, така и во однос на човековите слободи и права смета универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска. Според неа парламентот дури откако ќе се конституира новиот состав може да ги разгледува уредбите и да утврдува одговорност. Каракамишева истакнува уставниот суд во ваква ситуација треба да се постави како контролор. Без разлика дали тоа ќе го прави по иницијатива од надвор за оценка на уставноста или уставните судии сами ќе одлучат да расправаат за владините уредби.

“Можеби е добро Уставниот суд да ја преземе контролната палка и тој да биде к онтролор на владата бидејќи во овој период нема институција која може да ја врши таа улога. Во моментот тие имаат право да реагираат за одредени аклти ако ги сметаат за неуставни, но тие моижат да ја оценуваат и законитоста на уредбите бидејќи тие имаат сила на закон”, вели Каракамишева-Јовановска.

Улогата на Уставниот суд во ваква ситуација ја потенцира и професорката Сиљановска. Таа смета дека овој орган треба да ги надопоолни пропуштенитте шанси да биде коректор на демократијата.

“Тоа е понекогаш велам како закотвен брод во Вардар кога зборуваме за заштита на уставноста и законитоста. да видиме моижеби ќе се разбудат деветмината недопирливи”, вели Сиљановска-Давкова.

Меѓу законите кои е можно наскоро да претрпат промени со уредби со законска сила министерката за правда Дескоска ги посочи законите за облигациони односи, но и кривичниот законик.

“Една од уредбите која што ја подготвуваме во моментов е за законот за облигационите односи со цел да се намалат казнените камати и за граѓаните и за правните лица и да се регулира референтната каматната стапка што ќе се применува. Еазгледуваме и одредби кои ќе се однесуваат на кривичниот законик, но тоа ќе биде во координација со министерството за економија ако се појави ситуација да има шперкулирање со производи”, вели Тренеска-Дескоска.

Според Каракамишева пак закониците како што се кривичниот и изборниот не смеат да се менуваат со уредби со законска сила.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста