Кој ќе одговара за срамот со патарините?

По скандалите со знамињата, сега власта почна да не брука и со патарините. Нов гаф излезе на виделина по социјалните мрежи. На патарина наместо „pay toll“, се појави табла со натпис „pay tool“, што во превод значи плаќање алат.

Алфа праша во ЈП за државни патишта колку вакви табли се поставени на патарините, и дали е ова грешка, но од таму со штур одговор, дека била направена ненамерна техничка грешка и постапката за промена на сообраќајниот знак бил во процедура.

Нема одговор дали станува збор за една, или повеќе табли. Останува отворено и прашањето кој ќе одговара за срамот со патарините?

И откако на власта дефинитивно не и оди со имињата на таблите, еден куп коментари се појавија на социјалните мрежи. 

  • Арно си пишале, патарина – алатка за земање пари од граѓаните за користење на автопатите од нашата земја.
  • Ни се смеат странциве што поминуваат, багра неписмена, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Колку за потсетување, ЈП за државни патишта распиша тендер за промена на таблите на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“. Новите 19 табли беа поставени долж целиот коридор 10, а набавката чинеше нешто повеќе од 80.000 евра. Претходно, во знак на добра волја со Грција, власта го промени и името на аеродромот „Александар Велики“ во „Меѓународниот аеродром Скопје“.

Дека го намалуваат угледот на државата, јасно говорат и серијата грешки на власта кога неколку пати до сега ги помешаа знамињата на државите, при посета на високи странски функционери на Македонија.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, го дочекавме со црногорското знаме свртено наопаку. Претходно, тогашниот Канцелар на Австрија, Себастијан Курц на официјалната церемонија пред Владата, беше поздравен со погрешно, летонско знаме. Пукна брука и во Охрид, кога амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние наместо со француското беше пречекан со знамето на кралството Холандија.

Не се само овие „бисери“, чести беа и исмевањата од јавноста на англискиот јазик што го користи Заев. На бисерите како „Евриуанс контрибјушнс!“ и „Море сексипл лејди“ и ред други, слободно може да се додаде и новиот обид на премиерот Зоран Заев да им се обраќа на англиски на странските дипломати и политичари. Инаку, ова се случуваше во седиштето на НАТО Алијансата во Брисел.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста