Кој ги спаси наркобосовите? Спасовски молчи, Николоски предупредува на спрега власт- мафија

Молк од власта кој и дали некој ги спаси наркобосовите во Македонија. Јавноста бара одговори зошто по големата акција на Обвинителството паднаа  само ситните риби, а не и големите. „Планината“ кај себе ги зеде само препродавачите на дрога, а не и наркобосовите. Кој и зошто ја компромитира акцијата останува нејасно. Министерот Спасовски денеска се појави на два настана, ама не беше расположен да одговори на новионарските прашања. А дека се потребни, сведочат еден куп фотографии кои од вчера циркулираат во јавноста и отвораат дилеми за поврзабноста на власта со нарко мафијата.

Институционалниот молк е скандалозен. Опозицијата бара одговорност но и предупредува од очигледни спреги на структури во власта со криминалот:

-Само властите не знаат, и видовме дека акцијата им е пробиена, а не знаат за тоа што се тие поддржувачите на оние кои што го продаваат кокаинот на нашите деца. И за тоа е потребна оставка исто така веднаш и денес од Владата и од најодговорниот од министерот за внатрешни работи за тоа што дозволи оваа акција да пропадне, а дозволи да пропадне за тоа што се во соработка со овие криминалци, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

На фотографиите се гледа министерот Оливер Спасовски, братот на премиерот, Вице Заев, високи полициски службеници, како седат на заедничка маса со лица за кои на социјалните мрежи се тврди дека се наркобосови. Се појави и фотографија на која се тврди дека се лица кои имаат поврзаност со дрога, во друштво на претседателот Стево Пендаровски. Токму поради ова Николоски побара и оставка од првиот човек на државата.

-Доколку тоа го направиле намерно, треба да понесат кривична одговорност, доколку можда ќе се правдаат дека е случајно треба уште поголема одговорност да понесат за тоа што се тие, тие кои што треба да знаат кои се луѓето со кои што се сликаат за тоа што се тие кои што се на врвот на безбедносните структури во државата. Безбедносните структури ги води министер за внатрешни работи, дел ги координира премиерот, а дел ги координира преку Националниот совет за безбедност и претседателот на државата, изјави Николоски.

Дека некој пропеал и акцијата била пробиена потврди и обвинителката Вилма Русковска.

-За жал како што кажав фатени се само продавачите, но Обвинителството располага со доволно докази и за наркобосовите и јас се надевам дека во брзо време истите ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата, изјави Николоски.

Инаку, од Грчец и Гази Баба вкупно во притвор завршија 17 лица, за три беше определена мерка куќен притвор, по едно лице се трага, а приведен бил и малолетник, кој ќе процесира во одвоена постапка.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста