Кој ги даде докуметите за криминал во РЕК Битола?

Власта кртот го бара на погрешно место , документите за мега скандалот за обид за изнуда од 250 000 евра кои требале да завршат кај Вице Заев како што  обинува опозицијата, не ги добиле од полициски службеници,  туку од високо позиционирани членови на СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Најави и дека имаат и други документи за афери и скандали на власта.

Информациите до ВМРО-ДПМНЕ стигнаа од високопозициониран член на највисокото раководство на СДСМ кој заради Законот за заштита на свиркачи не можам да го споменам по име и презиме. Во моментов ВМРО поседува бројна документација за скандали и други афери од коруптивен карактер што ќе ги изнесеме пред јавноста наредниот период, а исто така се добиени од високопозицонирани лица во самиот врв на СДСМ, рече Николоски.

Николовски вели дека надлежните институции треба да се занимаваат со лицата кои се посочени дека вршеле изнуда, а не да ловат во матно.

Видовме како маскирани полициски службеници и специјалци влегуваат во домовите на инспектори што се занимаваат го гонење на криминал, во присуство на нивните деца и сопруги што е недозволиво и што потсетува на едни други тоталитарни времиња. Да им помогнам на СДСМ, да престанат со таков начин на дејствување и наместо да ги гонат оние што наводно ја дале информацијата, треба да ги гонат оние што довеле до тоа да има рекет од 250 илјади евра, посочи Николоски.

Пред два дена беше извршен претрес во домовите, автомобилите и работните места на тројца полициски службеници за кои се сомнева дека издале државна тајна, односно дале документи за аферата со изнуда во РЕК Битола. Беа повикани и на информативен разговор во полиција, потврдија од МВР.

Аферата со РЕК Битола ја објави ВМРО-ДПМНЕ кои посочија дека битолската фирма Рубитон трпела притисоци за да даде дел од тендерот на фирмата СВ Инвест која важи за компанија блиска на семејството Заеви. Откако сопствениците на Рубитон одбиле, преку екс директорот на РЕК Ковачевски им било посочено дека треба да дадат 250 000 на Вице.

Засега од обвинителството, ниту пак од МВР, не соопштија дека лицата кои се дирекно посочени од опозицијата за скандалот се повикани макар на разговор за случајот.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста