Кој е заштитникот на бруталните полицајци што ги малтретирале Митровски?

Влечен, омаловажуван, психички и физички малтретиран, Митревски е човекот жртва на бруталноста на сообраќајни полицајци за кој инцидент неговата сопруга пред два дена алармираше на социјалните мрежи. Полицајците не само што насилно се однесувале со него, туку и го уапсиле, обвинувајќи го дека тој ги нападнал.

Овие страшни сцени се одвивале пред очите на неговото малолетно дете кое непрестано плачело додека полицајците како да биле во филм на апсење опасен криминалец, иако Митревски е за глава понизок од нив.

Во полициска станица биле задржан 6 часа, никој не зборувал со него, не знаеле зошто го држеле толку долго кога на крај му земале само изјава и го пуштиле.

Загрижува фактот што вчера од МВР ни тврдеа дека ваков инцидент нема пријавено во внатрешна контрола, иако семејството посочува конкретно каде го пријавиле случајот за непрофесионалното и брутално однесување на полицајците.

На 6 месецов, полицајци го запреле Митревски на Трета Македонска Бригада, сакале да му напишат казна дека поминал на полна лента, откако им рекол дека со ГПС ќе им докаже дека не се во право, му рекле дека наместо казна од 300 евра ќе му напишат од 30 за не носење појас, бидејќи повторно не биле во право, почнала караница, а полицајците почнале да се однесуваат насилно, тврди тој.

Семејството е убедено дека МВР сака да го сокрие случајот. Побарале помош во Хелсиншки комитет, а правдата ќе ја бараат на суд.

Катрина Гетева