Кои се симптомите на корона вирус

Корона вирус е веќе регистриран во 25 земји низ светот. Прогласена е вондредна состојба на глобално ниво од Светската здравствена организација откако вирусот се прошири надвор од Кина, пренесува BBC.

Од 99 пријавени пациенти имале воспаление на белите дробови и симптоми како грозница, кашлање, отежнато дишење, некои од нив имале болки во мускулите.

Првите двајца пациенти кои починале на изглед биле здрави, но долгогодишни пушачи, првиот на 61 годишна возраст со тешко воспаление на белите дробови. Починал 11 дена по приклучувањето на апарати, откако не му била пренесена доволна количина на кислород.

Вториот смртен случај, маж на 60 годишна возраст, настанал кога пацинетот паднал во септички шок по паднатиот крвен притисок.
Откако беше регистриран корона вирусот од 99 заболени 11 починале, а 57 и понатаму се хоспитализирани во болница.
Главно погодена категорија се мажите на средни години. Голем број на пацинетите веќе биле заболени и имале слаб имунитет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста