Кои се причините за блокирањето за законот за поништување на лустрацијата од страна на ДУИ?

Што стои зад блокирањето на поништувањето на лустрацијата од страна на  ДУИ? Доследност или пак уцена за враќање во игра на прашањето за политичките затвореници од комунистичкиот систем ,предлог кој интегративците од Мала речица го ставија на маса во предизборието во 2012 година?

Дали ДУИ ќе успее да го убеди СДСМ за рехабилитација односно обесштетување на речиси како што се шпекулира, 14 000 политички затвореници албанци, предлог кој пред 8 години не помина кај ВМРО-ДПМНЕ кога беа во политички брак со ДУИ? Станува ли збор за предизборен политички маркетинг на партијата на Али Ахмети?

Нацрт законот што тогаш тие сакаа да го наметнат предвидуваше судско поништување на сите претходни судски одлуки од времето на  комунизмот, донесени од политички причини. Односно ќе треба да се понуди  правна отштета на жртвите и на нивните семејства.

Вчера од ДУИ истакнаа се за лустрација, бидејќи го гласале тој закон но сакаат за ова да има поширока дебата.

Сакаме да се отвори и прашањето за поранешните политички затвореници и паралелно да се реши прашањето за политичките затвореници од комунистичкиот систем, велат од ДУИ.

Останува отворено прашањето дали ДУИ во трка за гласови, го уценува СДСМ дека ќе разговараат за поништување на лустрацијата, но само ако се актуелизира пак прашањето за политичките затвореници.

Поништувањето на лустрацијата се поизвесно е дека би можело да се најде пред пратениците дури по изборите, брифираат избори од СДСМ и ДУИ за Алфа.

Сепак што и како се случува за поништувањето на лустрацијата и условите на ДУИ ќе се знае најверојатно по изборите.

ВМРО-ДПМНЕ е против овој предлог, а со условот на ДУИ, СДСМ се оставени сами во битката за поништувањето.

Инаку ова законски решение кое е на стенд бај, покрај толкувањето на мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици, како и несогласувањата за изборниот законик  е дел од низата разлики меѓу СДСМ и ДУИ.

 

Mери Ѓорѓиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста