Когрес за консолидација или нови поделби? – СДСМ утре го бира новото раководство
Конгрес за обединување или за нови поделби на Бихакќа – СДСМ на 30-тиот двоен конгрес треба да го изберат новото раководство и да ги дефинираат идните политики. Прво ќе биде отчетниот, кој требаше да се оддржи во јуни, но пропадна, бидејќи според шпекулациите не биле присутни доволен број делегати, а според партијата, им требало повеќе време за анализа.
Во вториот дел ќе се бираат Централниот и Надзорниот одбор. Ниту едно име досега не проциркулира во јавноста за тоа кои се можните кандатите кои се ќе се најдат во самиот врв на партијата .
- „Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисиките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор). На почетокот ќе има отворен дел од конгресот. Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче“ рече Богданка Кузевска – портпарол на СДСМ.
Ново-избраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче чиј мандат завршува во март идната година, дури утре ќе каже со кои партиски другари сака најтесно да соработува. Најинтересна е позицијата заменик-претседател – позиција на која досега била жена – прво Радмила Шекеринска, па Сања Лукервска. Се претпоставува дека повторно ќе биде жена.
Во периодот после изборите и катастрофалниот пораз, досега најголем во историјата на партијата, членството наместо да се консолидира, на површина излегоа бројните поделби и несогласувања. Екс-градоначалникот на Центар и висок функционер на Бихаќка, Саша Богдановиќ, за Алфа неодамна рече дека СДСМ треба да се реорганизира, бидејќи загубиле дел од нивните клучни бастиони.
- „Мислам дека сега за сега е се уште рано да се бараат избори, мислам дека пред се треба да се занимаваат со избор на раководство, со изработка на програма, односно што е тоа што ќе им се понуди на граѓаните, бидејќи наредна година се и локални избори, а знаеме дека веќе во неколку клучни бастиони на СДСМ се доживеа многу лош резултат“ рече Саша Богдановиќ во изјава за Алфа на 10.11.2024 година.
Јован Деспотовски, кој беше и кандидат за лидер на СДСМ, за Алфа отворено зборуваше за проблемите на партијата, но и за актуелните истакнати членови.
- „Тие наши партиски другари не би требало да бидат дел ниту од новото раководство на партијата, меѓутоа не би требало да се појавуваат толку многу во јавноста и да ги застапуваат ставовите на партијата. Проблемот настанува колку актуелниот партиски врв навистина е подготвен да се соочи, навистина е подготвен да извади нешто ново“, изјави Деспотовски 11.11.2024.
За недоразбирањата , поранешниот градоначлник на Скопје Петре Шилегов пишуваше по социјалните мрежи и обвини за „заробена партија“.
- „Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!“, се вели во објавата на Петре Шилегов на Фејсбук.
Според најавеното, утре ќе се формира нов Централниот одбор, кој подоцна ќе ги избере партиските потпретседатели и генералниот секретар, а за прв пат ќе има избор на двајца организациски секретари за засилување на оперативната работа на партијата.