Кое е најлошото време за миење заби?

Многу луѓе се опседнати со оралната хигиена, сметајќи дека не постои лошо време за миење на забите. Сепак, многумина се и во заблуда. 

Постојат одредени периоди од денот кога миењето заби може да направи повеќе штета, отколку корист во однос на оралната хигиена. Имено, најлошото време за миењето на забите е веднаш по оброкот.

Стоматолозите предупредуваат дека ова е лоша идеја бидејќи варењето започнува од устата, што создава кисела средина, а тоа не се идеалните услови за миење на забите.

„Кога јадете храна што содржи шеќер или едноставен скроб кој во устата се разградува на шеќери, бактериите кои предизвикуваат расипување на забите почнуваат да се хранат со нив и произведуваат киселина. Кога вашите заби се изложени на многу кисела средина, тие привремено го ослабуваат вашиот глеѓ (тврдата, надворешна површина на забот) предизвикувајќи минерална загуба“, истакнува стоматологот Џин Лин и предупредува дека четкањето може дополнително да ја оштети глеѓта во оваа ситуација.

Американското здружение на стоматолози (АДА) препорачува да почекате барем еден час после јадење за да ги измиете забите.

Нил Џеј Гаџар, поранешен претседател на Академијата за општа стоматологија, вели дека тоа време „му дозволува на вашето тело да ја неутрализира киселата средина што е можно да се создала од храната којашто била внесена“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста