Коцарев предупредува: Бришат се што е македонско, се укинуваат катедрите по македонски јазик и книжевност

Македонскиот јазик и македонската книжевност ќе заминат во историјата. УКИМ планира да ги укине овие две катедри на филолошкиот факултет, предупредува првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев. Според него се удира по се што е македонско. Вели ова е последниот удар во името на Конески, во годината во чест на Конески.

-Пораката што се праќа со укинувањето на двете македонски катедри и дома и надвор е јасна. Тоа ќе предизвика, а тоа го знаат подобро тие што се многу повеќе упатени од мене, лавина непопуларни реакции во светот по однос на македонистиката, што ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци ширум светот каде што се учат македонскиот јазик и книжевност. Не верувам дека овие зборови ќе допрат до некого, но јас сакам да ги изречам. Се брише сѐ што носи македонско име, се урива македонистиката на Филолошкиот факултет. Темелникот на македонската државотворност. Жалосно, пишува Коцарев.

Дека македонскиот јазик ќе се брише од филолошкиот факултет, пред еден месец предупреди и универзитетската професорка Јасна Котеска.

-Прво: Мила смислила 10-то летка без науки додека дојдат бугарските учебници по историја.

Второ: На Филолошки без писмен допис се планирале две научни гранки: лингвистика и литература, ама македонскиот да бил тек дел од гранките, предупреди пред еден месец Јасна Котеска.

Инаку, можниот ваков потег на УКИМ, доаѓа во моменти кога од Бугарија стигнуваат пораки дека македонскиот јазик бил бугарски дијалект, а бараат и официјално да сме признаеле дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста