Кочанско под вода, поплавени домови, штали, амбари, удавена стока и потопен род

Поплавени домови, штали, амбари, удавена стока и потопен род. Ваква е состојбата во кочанско по обилните врнежи од дожд кои од вчера го зафатија регионот. По излевањето на Кочанска река нај алармантна е состојбата во селата Горни и Долни Подлог и во Облешево кои речиси се поплавени. Цело утро мештанните се борат водата да не им навлезе и во домовите.

„Штета. Родот целосно ми е под вода. Зајци, кокошки, прасе издавено. Во собите уште немаме вода, али уште три сантиметри фалат за да влезе внатре. Сега ќе вклучам и мотор за да ја испумпуваме водата, но се е џабе, треба да се види од каде доага дефектот, од каде доага водата„ изјави Стојан Ѓоргиев од Горни Подлог.

За состојбата да не ескалира, доцна во ноќта со градежна механизација на кочанското комунално претпријати се чистеле каналите. За да се овозможи брзо истекување на водата пресечен е и патот кон селото Мојанци, поради што жителите на ова село се отсечени.

„Во меѓувреме се случи нов проблем, почна да дотекува повеќе вода отколку што можат да примат каналите. Најалармантно е во месноста Слатина во близина на Кочани каде што е констатирано дека истекува поголема количина на вода , водата од реката истекува по нивите, а понатаму во каналите и ги поплавува селата Горни и Долни Подлог„ изјави Илијев.

Жителите реагираат дека одводните канали се запоставени, а дополнително во нив несовесни фрлаат лешеви од животни и секаков отпад и градежен шут поради што се случуваат вакви катастрофи.

Не само во селата, поројните врнежи од дожд предизвика поплави и во објекти центарот на Кочани, а поради поројните дождови дојде до заматување на дел од системот Злетовица поради што може да дојде и до прекин на водоснабдувањето во Пробиштип.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста