Кочанските оризопроизводители разочарани – нема да сеат годинава, се закануваат со штрајк

Оризовите полиња во Кочанско, празни.  Метежот од трактори кои беше вообичаен за овој период од годината, кога земјоделците се подготвуваа за нова сеидба, го нема. Наместо во полињата, испоседнати се пред земјоделските аптеки и дебатираат за високите цени на нафтата и ѓубривата . Моменталната ситуација е причина за голем дел од нив воопшто и да не сеат годинава..

„Годинава нема да ги сеееме . Со овие цени е неиспатливо. Ќе си останат така! Воден надоместок, ѓубрива, пестициди и тоа е . Воопшто не планираме да сееме нека останат така„-вели Борче Ангелов-оризопроизводител.

„Порано сееев од 6 до 7 хектари ама сега во оваа ситуација не можам да толку да посеам. Немам пари за да купам ѓубре и препарати„ – изјави Спиро Манев

 Високите цени  неколкукратно им ги зголемија трошоците за подготовка на нивите за сеидба. Сега барааат повисока цена на оризовата арпа. Наместо 25, сметаат дека не треба да биде пониска од 40ден. за килограм

  „Минимум 70% ни се зголемени трошоците. Со овие цени ќе не фати околу 1500 денари од декар и за толку пари не планираме да работеме„- изјави Борче Ангелов-оризопроизводител.

Оризопроизводителите од Кочанско на последниот протест доставија листа со барања. Бараат да бидат ослободени од воден надоместок за 2021 и 2022, како и исплата на субвенции и зелена нафта до крајот на овој месец.

  „Од сите овие мерки што ги баравме исплата на зелена нафта и субвенции до 30 март, нема ништо„-изјави Здравко Арсов од Иницијативата за спас на оризот.

Поради лошата состојба земјоделците од целата држава повторно се закануваат  со генерален штрајк

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста