Кочанските оризопроизводители не можат да ја завршат жетвата, доцна е пуштен хидросистемот на Брегалница

Никако да заврши жетвата на ориз во Кочанско. Се претпоставува дека половина од овогоднишната реколта остана во полето. Причина за катастрофалната година производителите ја гледаат во тоа што водата од хидросистемот Брегалница се пушти доцна. И тие што ожнеаа се  жалат  дека се во загуба.

  „Отидов да прашам за цената. Однесов мустра, ми рекоа 16денари. И што ќе направам со таква цена. Јас немам многу, но имат луѓе со по 100декари . Имам братучед од лани му стои оризот-400вреќи и 400 од сега. Со 16 денари за жалење сме. Не знам што мисли оваа влада. 10.000денари пензија, ептен сме утепани„-изјави Јорданчо Арсов, оризопроизводител од Чешиново.  .

Оризопроизводителите се жалат дека нема доволно комбајни, но и пари за да ги платат. Високата цена на нафтата им ја проголта заработувачката.  

  „Јас имам трактор од 1979. Што да правам? Нафтата е скапа. Најдобро решение е да не се сее. 3 денари! И пет да дадат не се исплаќа! Прераоботувачите ќе ја намалат цената и готово. 17 денари тоа е срамно„- изјави Димче Ѓоргиев-оризопроизводител од Чешиново.

Ни се заканува целосен колапс, коментираат оризопроизводителите. Цената на ѓубривата  драстично е зголемена, а младите не сакаат да работат за џабе. Сите својата иднина ја гледаат во странство.

  „Ние сме последни генерации што работиме. За жал земјата ќе се претвори во пустелија. Ќе нема кој да произведува и тие што ќе останат овде ќе боат да барат од соседите , а тогаш тие добро ќе ги избричат„-изјави Златан Трајков, оризопроизводител од Чешиново.

 Засега оризопроизводителите не најавуваат протести. Очекуват Владата да си остане на зборот и да им исплати по 3денари за килограм продадена арпа, иако како што тврдат оваа интервентна мерка само ќе им одмогне. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста