Кочанските оризопроизводители најавуваат протести

Доколку за 15дена државата не ги исплати субвенциите од ковид мерката кочанските оризопроизводители излегуваат на протести. Тврдат дека од  мерката се офајдиле само 15% од  производителите. Засега се откупени  6 до7тони, останатите 18.000тони од овогодинешната реколта поради тоа што капацитетите на откупувачите се полни, земјоделците оризот го чуваат во амбарите. Бараат рокот за откуп да се одложи до јуни.

  „Барањата се следни:редовните субвенции да бидат исплатени до за 15дена и откупот да се продолжи до јуни, за да можат луѓето да го предадат и да бидат опфатени со ковид мерката. Редовните субвенции да останат 3000дденари по декар, во спротивно излегуваме на патот и ќе останеме на протести се додека не се исполнат нашите барања„-изјави Здравко Арсов, од Иницијативата за спас на белиот ориз. .

Драстичното зголемување на цената на ѓубривата и преператите се причина за оризот повеќе не биде рентабилна култура. Наместо сегашните 17денари, бараат оризовата арпа да се откупува по 40, а белиот ориз по 80денари.

  „Се што е под таа цена ние не можеме да опстанеме. Нема да сеееме ориз и тој ќе ја има истата судбина како репата, афионот, памукот. Ќе исчезне од полињата, а ние ќе станеме социјални случаи„-изјави Здравко Арсов.

По палењето на стрништата , оризопроизводителите се децидни дека кибритот е единствен начин за да се спасат од сламата што остана по нивите. Бараат од надлежните заедно со противпожарните екипи да направат распоред со кој ќе се контролира палењето.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста