Кочански оризопроизводители: Ако не не ги исполни Владата барањата, два пати ќе го блокираме автопатот

Кочанските оризопроизводители во неизвесност. Дали ќе продолжат со протести и блокади на патиштата ќе зависи од  тоа што ќе  договорат утре со Министерот за земјоделие. Не отстапуваат од  своите барања: оризовата арпа да се продава од 25 до 30 денари во зависност од сортата, како и навремена исплата на субвенциите и зелената нафта. Доколку не се постигне договор, категорични се патот Штип-Кочани два пати неделно ќе го блокираат..

„ Треба да дадат добра цена. За оризот не водат ред. Од што ние ќе си купиме ѓубре, репро материјали? Да дадат субвенции за да можеме да преживееме„ изјави Стојанчо Постолов , оризопроизводител.

Добар дел од минатогодишната реколта се уште се чува во амбарите. Тие што не можат финансиски да опстанат и извршителите им дишат во врат, се принудени да го продаваат под цена. Ванчо Јосифов од Горни Подлог е меѓу најмладите земјоделци. Иако под ориз има 7 хектари земјиште вели дека одвај врзува крај со крај.

  „Ние одвај преживуваме. Капа за глава. За препарати даваме, за ѓубриња се задолжуваме. Во септември ќе го ожнееме оризот, ќе се разборчиме по аптеките и толку„ – вели Ванчо Јосифов оризопроизводител од Горни Подлог

За десетина денови ќе стартува подготовката за новата сеидба. Оризопроизводителите претпоставуваат дека годинава значително ќе се намалат површините посеани под ориз.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста