Кочанската болница полна, двајца интернисти и ниту еден инфектолог се борат за животот на пацинтите
Болницата во Кочани на стаклени нозе. Откако единствениот инфектологот замина во пензија, сега инфицираните со вирусот ги лекуваат двајца интернисти и уште толку анестезиолози кои се принудени совети за терапија да бараат по телефон од инфектолозите во Штип. Тешко е да се работи во вакви услови коментираат лекарите кои ги контактираше Алфа. Велат притисокот е огромен. Работиме со пациенти за кои не сме обучени. Дека состојбата е загрижувачка и има недостиг на кадар признава и директорот на болницата кој минатиот викенд и пред министерот кажа дека во лекувањето на ковид пациентите најзаслужна е телефонската комуникација.
„Сите пациенти кои се ковид позитивни, во телефонска комуникација со штипската болница и инфективното одделение , ги упатуват кој за каде е, односно кој пациент може да остане овде, кој ќе оде за Штип, а кој поради посериозна клиничка слика ќе се испраќа во Скопје„- изјави Серафимов
Слободни места во модуларната болница во Кочани нема. Пациенти од Гевгелија, Валандово и другите градови од регионот се хоспитализираат на одделот за физикална терапија , каде што се очекува до крајот на денот капацитетот целосно да биде исполнет. Единствено слободни места околу десетина, има на интензивна нега, а во дневна амбуланта со симптоми на вирусот се прегледуваат од 100 до 200 пациенти
Третиот бран го наполни Ковид центарот во Штип. Во моментот хоспитализирани се седумдесетина пациент,и од кои околу 80% се на кислородна поддршка.
Александра Ристовска