Кочанската болница на готовс – се подготвува и модуларниот оддел

Кочанската болница на готовс. Во секој момент со повторна работа може да почне модуларната болница. Ваквата најава за реактивирање на монтажниот објект  доаѓа откако бројот на новозаболени во континуитет расте со што се создаде притисок врз  болниците. Насоки веќе има. Ќе се хоспитализираат само пациентите со полесна клиничка слика, а ќе се направи и реорганизација на медицинскиот перонал, вели за Алфа директорот на болницата, Александар Серафимов.

Во меѓувреме речиси исполнет е целиот болнички капацитет и на штипска Инфектологија, но засега модуларната останува под клуч.. Поради изолација медицински кадар се помалку, па  нејзиниото повторно отварање  за раководството на болницата ќе биде сериозен предизвик .

„Тоа ќе изискува многу кадар, а мора да кажам дека и ние сме погодени со овој бран. Како болница имаме дел од нашиот персонал кои се заразени и се на лекување. Тоа ни прави сериозни пречки не само да најдеме кадар кои ќе работи на Инфективно , туку и на функционирање на останатите одели во рамки на болницата„ изјави Ѓеорѓијев.

Официјалните статистики говорат дека во источниот регион има над 1.000 позитивни. Но бројот би можел да биде многу поголем ако во предвид се земе фактот дека добар дел од граѓаните поради тоа што се чека за ПЦР сами се тестираат со брзи тестови и вирусот го прележуваат дома. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста