Кочанската болница по грешка прогласила пациентка за мртва, домашните закажале, па откажале погреб

Бизарна грешка го шокираше семејството Дончеви од Кочани. За помалку од четири часа 58 годишната Јаворка Дончева починала, па потоа воскреснала. Агонијата низ која поминало ова семејство  реши да ја раскаже нејзиниот син. Се почнало во понеделникот напладне, откако Јаворка  најверојатно доживеала и трет мозочен удар. Со Брза помош веднаш била хоспитализирана во кочанската болница. По неолку часа нејзиниот син се јавил  за да праша како е  мајка му, но од другата стрна на телефонот му рекле дека е почината. Тогаш семејството почнало да се подготвува за погреб. Ги известиле пријателите, роднините, а подготвиле ковчег и некролози. Но кога отишле да си го земат телото на починатата, тогаш  следувало вистински шок.

  • Доаѓаме овде, во болницата и ни рекоа дека за два часа ќе го симнат телото. Ни рекоа дека веднаш е можеме да го земеме телото. Почекавме два часа и околу 20 часот ми се јави погребалниот оператор и ми рече дека е време да го земеме телото. Доаѓаме. Не знаат каде е телото. Бараме..и тогаш ми рекоа дека мајка ми е жива ,не е почината.Еве направени се некролози.Ова мора да го знае и министерот-изјави Донев.

Операторот што го подготвувал погребот тврди дека во болницата цвета бизнис со починати, односно се поткупуваат вработени кои треба да форсираат одредени  фирми. За ова го известиле и раководството на болницата.

  • Се случи една несакана работа,која долго време се очекуваше дека ќе се случи. Од тие брзања кој кого да повика, за едно ало колку пари да се земат …не е добра работа,ниту за семејствата, ниту за здравството ,ниту за нас како оператор – изјави Силвија Накова-погребален оператор Горица Гиш-Кочани

Случајот е пријавен во полиција, потврди денес директорот на кочанската Општа болница. Во текот на денот сите вработени кои биле тој ден на работа имаат дадено исказ.

Во моментот Јаворка Дончева е хоспитализирана на интерното одделение, а нејзиното семејство го чека исходот од  бизарната грешка.

Александра Ристевска