Кочанска фабрика заработи кривична пријава за загадување на воздухот

Граѓанското здружение Грин орг поднесе кривична пријава против фабриката за рециклирање на хартија Пејпер мил во Кочани. Бараат орговорност од компанијата, затоа што нивните анализи покажале дека со емисиите кои од оџакот се испуштаат во воздухот, се загадува  целиот град.  Ниту пандемијата нема да ги спрече да излезат на масовни протести.  Сметаат дека тоа е единствен начин , за надлежните конечно да реагират…

„Најавуваме нов протест бидејки фабриката не го смени принципот на работа, односно од нејзиниот оџак  се уште излегува црн чад што преставува опасност за граѓаните. Во врска со кривичната пријава којашто е пуштена од страна на здружението со потпис од граѓаните , веќе следната недела може да очекуваме резултати од  обвинителството од каде ќе дадат понатамошни насоки, доколку биде прифатено ова кривично обвинение„ – изјави Ана Симонова прет.на ЗГ Грин орг-Кочани.

Еко-активистите тврдат, мерењето во време на инспекциски надзор се врши кога работната активност на фабриката е сведена на минимум, со цел да се прикажат помали мерни загадувања кои ќе бидат во рамки на законски-предвидените бројки. Сведоци биле и на документи во кои испечатените вредности на мерењата се  преправени со пенкало. Иако ресорното министерство најави вонреден инспекциски надзор во фабриката, денешните аматерски снимки направени од телефон за активистите се доволен доказ дека не се презема ништо.

„За најавениот увид од страна на заменик министерот Макрадули не веруваме дека ќе има некакви промени. И досега имаше такви увиди коишто не дадоа никакви резултати и фабриката продолжи да работи на истиот принцип„ –изјави Симонова.

Сепак пред изборите во Пејпер мил влегле инспекторите . На терен не се констатирани неперавилности. Врз основа на лабараторските анализи нема покачувања на јаглероден моноксид во моментот кога е вршен надзорот, вели за Алфа Благој Игновски, инспекторот кој го вршел надзорот. Еко-активистите бараат фабриката која се наоѓа во населено место исклучиво да користи метан , бидејки филтерот што беше инсталиран откако граѓаните излегоа на протести, не ги дава соосветните резултати.

Александра Ристовска