Кочанчани во шок откако вчера се самозапали нивни сограѓанин

Во критична состојба е мажот што вчера се самозапали во Кочани. Во моментот е на респираторна машина. Изгореници од втор и трет степен има на главата, екстремитетите и вратот, потврдуваат од Клиниките во Скопје.

Денес Кочани се уште во шок од трагедијата. Црните дамки на мермерот се нем сведок за хоророт што се случи вчера точно напладне во Трговскиот центар.

Голем дел од Кочанци ја одбегнаа нашата камера, не сакаа да зборуват за нивниот сограганин кој потекнува од фино семејство, а важел за мирен, културен и интелегентен човек. Сепак велат стресниот живот и недовербата во институциите се причина за се поголемиот број на млади кои имаат проблем со пихичкото зравје.

Досега ова е прв регистриран случај на самозапалување во државата. Вакви случаи има регистрирано во соседна Бугарија.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста