Кочанчани пијат скапа вода, а со месечните примања одвај преживуваат

Помалку од 300 од вкупно 1000 потписи се потребни за петицијата на здружението Грин орг за намалување на цената на вода  се најде на разгледување пред кочанските советници. На он лајн петиција се одлучија откако бројот на жалби од страна на граѓаните дека сметките за вода им се повисоки од сметките за струја , зачестија.  Со последната корекција во цената    КОчани доби  најскапа вода за пиење во државата каде што  метар кубен чини 39,92 денари. Граѓаните најавуваат колективна тужба, а високите сметки сериозно го оптеретуваат скромниот македонски буџет , коментираат од здружението..

 „Веќе подолг период кон нашето здружение граѓаните доставаат прашања и жалби во однос на цената на водата .голем дел од нив најавуваат и колективна тужба во однос на ова прашање. Голем дел од нив доставуваат жалби дека сметките за вода се повисоки од сметките за струја и покрај тоа што внимаваат на истата „-изјави Ана Симонова од здружението Грин орг-Кочани.

 И додека властите се правдаат дека цената на водата се покачува поради тоа што се зголемиле трошоците околу испумпувањато на водата од бунарите , граѓаните се категорични дека високите сметки за вода се должат на превработеноста во комуналните претпријатија..Од минатата недела и штипските советници изгласаа  повисока тарифа

  Анкета-Цената на водата е многу висока. Сметки за струја високи…не можеме да издржеме, а платите не мрдаат. Во комуналните претпријатија има превработеност, па тие работници треба некој да ги плаќа, најверојатно тоа сме ние граѓаните-коментираат штипјани

Во наредните три години цената на водата за пиење во Штип ќе се зголеми за 5,44денари.н Засега најевтина вода пијат жителите во Каменица каде што за метар кубен  по  24 денари. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста