Коалиционите партнери се скараа – Заев и Груби во вербална војна за Законот за јазици

Двојазичноста повторно ги судри коалиционите партнери СДСМ и ДУИ. Сериозните закани од портпаролот на интегративците Артан Груби дека ниту една цена за имплементација на законот за двојазичност не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи за премиерот Заев е лупање глупости. Ја чека конечната верзија на Венецијанската Комисија и ќе работат на имеплментација на препораките.

Вербалната војна ја продолжи Груби. Контра Заев вели дека изјавеното на премиерот се однесува на самиот него.

И додека Владата вчера оркестрирано со Министерството за правда со идентично соопштение најавија дека ќе ги имплементираат препораките на Венецијанската Комисија, поборникот на законот за јазици вицепремиерот Бујар Османи веќеи дека не постои никакво мислење, а советите од Комисијата не значат и одлука на Владата.

И шефот на државата Пендаровски ќе го чека официјалниот документ од Комисијата па ќе коментира.

По сите турбуленции кои ја тресат коалицијата на власт, последно со законот за јазици, Алфа директно го праша Османи дали има проблеми на релација СДСМ – ДУИ, но наместо одговор ни рече дека сега требало дебатата требало да биде насочена на друга страна.

Меѓународното тело има сериозни забелешки за спроведувањето на двојазичноста во пракса. Сметаат дека тој е неприменлив, скап и надвор од европските практики. Комисијата предлага клучните членови да претрпат драстични измени.

Ивана Соколовиќ Најдова