Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ едногласно го прифати своето ново име

Синоќа  ВМРО-ДПМНЕ во партиското седиште одржа состанок со коалиционите партии.

На состанокот раководството ги информира за постигнатиот договор со власта за предвремени избори на 12-ти април.

Лидерот на партијата,  Мицкоски по средбата рече дека го смениле името на коалицијата.

,,Ги информирав партнерите за вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски и за предвремените избори. Предложив Коалицијата за подобра Македонија да се преименува во Коалиција за обнова на Македонија и тоа беше едногласно прифатено. На Македонија и е потребна обнова, рече Мицкоски.