Клоп прогласен за најдобар тренер на Премиер Лигата

Јирген Клоп е избран за тренер на годината во Премиер лигата. Германскиот стратег сезонава на составот од “Енфилд роуд“ по 30 години пауза му ја донесе повторно шампионската титулата во Англија, поставувајќи клупски рекорд со освоените 99 бода, што е за 18 повеќе од второпласираниот Манчестер Сити. Ливерпул имаше одличен старт на сезоната и неверојатна низа од 26 победи на 27 натпреври . Конкуренција на Клоп му беа беа Френк Лампард, Брендон Роџерс и Крис Вајлдер. За најдобар играч не сеозната немаше едногласна одлука, па признанието го поделија Џордан Хендерсон и Садио Мане.