Клоп го добива посакуваното засилување, Алкантар се сели во Ливерпул

Тијаго Алкантар е нов играч на Ливерпул. Баерн Минхен се согласи на понуденото обештетување од 30 милиони евра за овој фудбалер па така Јирген Клоп ќе го добие посакуваното засилување . Алкантара минатата сезона со баварците стига до торфејот во Лигата на шампиони, но потоа му стави до знаење на клубот дека му се потребни промени пред да го продолжи договорот. За неговите услуги беа заинтересирани уште и ПСЖ и Барселона, но шпанскиот репрезентативец имаше јасна визија и желба за преселба на Енфилд роуд. Се очекува во наредните два дена да биде и официјализиран трансферот и сите детали околу преселбата на Алкантара во Ливерпул.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста