Клиперски го совладаа Денвер по што се познати седум двојки за НБА плеј офот

Клиперси го победија Денвер со 124-111 во дербито на денот во НБА и го заверија второто место во западната конференција од НБА во која, на два дена до завршувањето на основниот дел од сезоната се составени седум од осумте двојки за првото коло од плеј офот. Така Клиперси играат со Далас, Денвер со Јута, а Хјустон кој ноќеска загуби од Индијана со 108-104 ќе се соочи со Оклахома која во тесна завршница утринава славеше со Мајами со 116-115. Во овој дел од гранката недостасува таа една двојка за стартот на плеј офот зошто Лејкерси ќе мора да почекаат до крај, до петок и да видат кого ќе добијат за противник: Портланд, Феникс или Мемфис. На истокот првиот Милвоки во воведниот круг на разигрувањето оди на Орландо, вториот Торонто кој синоќа ја победи Филаделфија со 125-121 на Бруклин, третиот Бостон се соочува со Севентисиксерси, а Мајами за противник ја доби Индијана.

Од НБА и за глупоста и казната на еден од најдобрите Јанис Адетокумпо кој во тотално неважниот дуел со Вашинготн го удри со глава Морис Вагнер по што доби суспензија од еден меч.

Advertisements