КЛИПЕРСИ ГИ ПОТИСНАА ЛЕЈКЕРСИ ДО 6. МЕСТО ОД ЗАПАДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО НБА

Клиперси лесно го решија градскиот ривал со 118-94 и ги испратија Лејкерси во неизвесност околу место во плеј офот. НБА првакот повторно беше без Леброн Џејмс и го доживеаја седмиот пораз во последните 9 натпревари, па сега е на делба на 6. место на западот со ист број на победи и порази како и Портланд. Потсетуваме дека директно место во разигрувањето ќе има за по шест тима од секоја конференција, а преостанатите два ќе мора да минат низ дополнителна плеј ин фаза. Инаку Далас ги мина Лејкерси по триумфот над Бруклин од 113-109 иако не најде решение за Кајри Ирвинг кој постигна 45 поена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста