Клиничкиот центар во клиничка смрт – хирушките сали се уште вон функција

Клиничкиот центар во клиничка смрт – хирушките сали се уште вон функција

Хирушките сали остануваат затворени. Операции нема да има и во следните денови, а кога ќе почнат да функционираат министерот за здравство не знае. Германска лабораторија истражува каков гас кружи низ операционите сали од кислородните компресори, откако ќе пристигнат резултатите ќе биде познато кога пацинетите ќе можат да се оперираат. Министерот Демири наместо да одговори за хаваријата на Хируршките клиники и до кога операционите сали ќе бидат затворени, но и кој ќе понесе одговорност за крахот на здравствениот систем тој им одржа лекции на новинарите.

Листата на лица кои треба да се оперираат секојдневно се зголемува, но засега решение нема. Итни, неодложни и комплицирани операции се вршат на клиниката, додека полесните случаи се препраќаат во ГОБ „8 Септември“ и Градската општа болница – Хирургија „Св Наум Охридски“.

Досега ниту еден од директорите на хирушките клиники нема поднесено оставка по крахот на здравствениот систем. Министерот за здравство, од Јавното обвинителство бара помош за лоцирање на одговорноста. Демири вели дека компресорската станица е на Општи служби, а тие пак се државна институција под ингеренции на Владата. За состојбите на Клиничкиот центар тој најави дека ќе го информира актуелниот владин состав. Во меѓувреме рече дека ги ангажирал сите ресурси и дал налог да се санира системот и да се стави во функција.

Инаку, десетти ден не работат хируршките сали, операциите се одложени, пациентите се оставени во неизвесност. А истиот проблем го имаше и пред еден месец, тогаш здравствените власти смируваа дека проблемот е надминат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )