Климатските промени веќе удираат на македонското земјоделство

Климатските промени веќе удираат на македонското земјоделство

Со намалување на приносите, земјоделците ќе го платат данокот од климатските промени. Допрва ќе се чувствуваат ефектите, посебно во делот на производство на храна, алармираат експертите. Глоболнато затоплување е причина за појава на многу болести и инсекти, посебно кај житните култури.

  •  „Почетокот на жетвата ќе биде порано од претходно. Ќе се намали периодот на вегетација и некаде може да се одрази на самиот принос, односно да се намали„ изјави Горан Басовски, УХМР.

За да имаме одржливо произвоство на житни култури кои ќе дадат добри приноси и покрај климатските промени потребно е користење на фунгициди, вели житопроизводителот Бубе Трајковски кој успеал да го дуплира своето производство на пченица. .

  • Сега последните години имаме сериозни проблеми со временските услови, а тоа предизвикува големи стресови на растенијата. Веќе не може да се произведува без употреба на фунгициди. Ние сме од ретките кои вршиме заштита на житариците,одиме со 3до 4третмана. Врз база на користење на фунгицидите добиваме одлични резултати. Може да се пофалиме со приноси на пченица од 6 до 8тона„ изјави Бубе Трајковски-житопроизводител.

Затоа е потребно во наредниот период стручната јавност да работи на откривање на нови хибриди кои ќе бидат отпорни и прилагодливи на новите климатски услови.

  • Значи потребно е сорти со чпократка вегетација, издржливи на суша, но и ќе бидат пониски. Тоа знаачи дека ќе немат толку голема лисна маса. Едноставно треба да бидат прилагодливи на новонастанатите услови и климатски промени коишто се очекуват„ изјави проф.д-рИлија Каров-Земјоделски факултет-УГД.

Токму и прашањето како да им се помогне на земјоделците во вакви временски услови да имат оджливо производство беше темата на меѓународното научно-стручно советување кое денеска се одржа на Земјоделскиот факултет во Штип. Експертите очекуваат дека со секој повисок степен  за 6% ќе се намалуват приносите на пченица, а до 2025 за 10 до 25% да се намалат приносите на пченката.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )