„Клексан“ нема во аптеките – граѓаните помош бараат на социјалните мрежи

Пазар на лекови на социјалните мрежи.
“Ќе ве замолам за помош. Ампули Клексан каде да најдеме?”
– Во Скопје тешко, пробај во внатрешноста…
– Од колку ви требаат ?
– Јас имам од 40 мл 5 ми останаа
“Од каде снабдувате Клексан по аптеките нема никаде, или ако има некој останато дома, потребни ми се и би си платиле.”
“Имам огромна потреба од Клексан, дали има некој на кого не му се потребни или од каде ги набавувате? “
Статуси и коментари со ваква и слична содржина има на социјалните мрежи. Граѓани очајно и во паника молат за помош како да набават одреден лек кој не е достапен на пазарот.Во случајот – „Клексан“. Овие ампули ги нема ни за лек. Алфа се јави во неколку ланци на аптеки оттаму го добивме истиот одговор дека “Клексан” нема и не знаат кога ќе го добијат.
Надлежните не признаваат за недостапноста на лекот. Иако годинава ваквите лекови, се трошат тројно повеќе за разлика од лани.
“Зголемена е потрошувачката на клексан насекаде. Така и кај нас, компанијата резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Така што криза во смила на недостаток нема, туку зголемена потрошувачка.” – истакна вчера Филипче.
„Клексанот“ инаку се употребува за спречување на крвни згрутчувања во вените и артериите.
Ања Василева