КК Куманово е вториот македонски претставник во БИБЛ

КК Куманово и официјално аплицираше за враќање во БИБЛ лигата за наредната сезона. А тоа значи, Македонија ќе има два клуба претставници на Балканската кошаркарска сцена, по претходно потврденото учество на нашиот, нов прволигаш, екипата на ТФТ. За Куманово ова ќе биде вкупно петто учество во БИБЛ, а најголем успех испишаа во 2017-та година, кога завршија како вицешампиони губејќи ја финалната битка од бугарскиот Берое.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста