Ќе Воведе ли и општина Карпош зонско паркирање?!

Под оправдување дека жителите на Карпош мака мачат со паркингот кој секојдневно е окупиран од други жители, градоначалникот Стефан Богоев размислува за воведување на зонско паркирање во оваа скопска населба.

Но прво вели ќе ги праша жителите на Карпош 1 и Карпош 2 дали сакаат зонско паркирање.. Односно за нив да биде бесплатен, а за останатите да се наплаќа.

„Граѓаните да се изјаснат дали се за регулиран паркинг, зона д која подразбира 0 денари за возилата на граѓаните со живеалиште во Карпош 1 и Карпош 2, тоа мислам дека сериозно ќе го ублажи ударот кој овие жители го доживуваат од луѓето кои имаат работа или живеат во општина Центар“, изјави Стефан Богоев – градоначалник на Карпош.

Во јавноста пак, се појави информација дека ќе бидат укинати бесплатните карти за инвалидизираните лица во Центар. Информацијата од социјалните мрежи е избришана, а од паркинзи на општина Центар демантираа.

Со последното поскапување на паркинг местата во Центар следеа низа протести на пазарџиите кои се жалат дека поради тоа им се намалил прометот.

Ќе добие ли Богоев поддршка или и тој ќе разлути некој? Анкетирањето на карпошани стартува следната недела.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста