Ќе се затворат ли границите со Србија и Косово?

Тензично на последниот состанок на Комисијата за заразни болести: членовите се судриле за тоа дали треба или не да се затворат границите со Србија и Косово. Епилогот е нема одлука. Состанокот не завршил со конечен став на комисијата. Дали пак политиката ќе победи? Како во случајот со Арбен Зибери директорот на скопскиот Центар за Јавно Здравје кој јавно призна дека влијаел врз комисијата да се отворат границите за да можат гласачите на ДУИ да дојдат на 15 јули.

-Не успеавме да изградиме заеднички став, така што нема што да препорачаме во однос на границите. Ако сега препорачаме затворање, зошто тогаш ги отворавме. Затоа нека одлучи Владата, потенцираат извори од Комисијата за заразни болести.

Ова значи дека границите остануваат отворени со Србија и со Косово, а тоа го потврди и техничкиот премиер Спасовски. А дали по изборите ќе се затворат, никој не кажува.

Зибери откако се пофали дека издејствувал  да се отворат границите за гласачите на ДУИ, Филипче го разреши, а ДУИ остро го осудија потегот на министерот  оценувајќи дека разрешувањето е политичка одмазда – што ќе го загрози здравјето на илјадници граѓани.

Ќе има ли сила Владата да се спротивстави овој пат или политичките калкулации пред избори пак ќе победат?

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста