Ќе одговара ли Рускоска за „тресењето од гаќи“?

Треба ли Рускоска да одговара поради тресењето од гаќи? Заканувачката пораката која шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, му ја испрати на апелациониот судија, Јани Нича е прекршување на член 375 став 1 од кривичниот законик. Казната за ова дело е и до три години затвор.

-Тој што судија, судија- поротник, јавен обвинител, јавен правобранител или нивен заменик со сила или со сериозна закана ќе го присили нешто да стори, да не стори или да трпи, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, се вели во член 375 став 1.

Во член 375 став 4 се надополнува дека и самиот обид преку закана да се натера судија на нешто е казниво. Било какво влијание врз судиите е строго забрането и во член 11 став 2 од Законот за судови.

-Се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судијата во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект, се вели во член 11 став 2 од Законот за судови.

Универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев цени дека Рускоска не се заканила вистински, но за вакви работи да не се повторуваат би требало надлежните да реагираат.

-Би било добро таа самата да се извини, бидејќи мислам дека повеќе е израз на едно незадоволство отколку што е вистинска закана. Но, за да не се случуваат вакви работа понатаму и да не мора да се цени дали е закана или е само нервоза, би било добро да реагираат и Здружението на судии, Обвинителскиот совет, Судскиот совет, изјави Калајџиев.

Оваа порака како да и донесе солиден Пи Ар на обвинителката, која последниов период е под силни критики за нејзината работа. Рускоска беше предлог на Заев за шеф на новото Обвинителство кое треба да гони висока корупција кај функционерите. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека таа министерката за правда Рената Дескоска, признала дека Рускоска е под контрола на Заев.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста