Ќе има ли нови детали за случајот Рекет?
Следуваат ли нови информации и искази на главните актери во случајот Рекет? Новинарот Геровски кој го понесе најголемиот дел од обелоденувањето на аферата за Алфа вели дека допрва ќе се „изнагледаме циркузи“, но и евентуално ќе слушнеме нови агли на целата приказна со рекетирањето.
Имам информации, кога имате информации треба човек да биде вниамтелен. Во моментов додека трае судењево, нешто што мене не ми се допаѓа, се рпави еден обид за едно задоцнето менаџирање на политичките последици на аферата. Мислам дека тоа може да се одрази многи негативно на имоџот на оваа власт, вели Геровски.
Веќе во јавноста има неколку афери Рекет, 1, 2, 3….а се поверојатно е дека ќе има и Рекет 4. До која бројка ќе се редат овие случаи за сега е непознато, но Геровски вели дека има уште многу да се истражува.
Инаку првата афера за рекетирање на бизнисмен и злоупотреба на службената положба резултираше со обвиненија за Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, а вината ја призна Зоран Милевски – Кичеец кој доби казна затвор од три години. Иако постојат сериозни сомневања за вмешаност на високи политички функционери во случајот, изгледа како да се прави се за аферата да застане и цената да ја платат само Боки 13 и Јанева.
Мери Ѓорѓиевска