Ќе градиме односи на еднаквост и взаемно почитување- порача рускиот амбасадор Баздникин

Во комплицираните односи на денешницата кога човештвото повторно се најде на опасна линија, надворешната политика на Русија е насочена кон формирање на обединувачка и позитивна агенда и развивање на взаемно полезна соработка со сите држави, заради осигурување еднаква безбедност за сите и решавање на конфликтите преку разумни компромиси.

Ние никому не се наметнуваме и не се обидуваме да придобиеме еднострани предности и врз овие принципи се темелат нашите односи со Северна Македонија, порача денеска од Битола, амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин.

-Би сакале и натаму да градиме односи со нашите македонски партнери врз основа на вистинска еднаквост, меѓусебно почитување и водење сметка за взаемните интереси, доверба и посветеност на општо признаените норми на меѓународноот право со немешање во внатрешните работи, почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет- рече во своето обраќање, негоавата екселенција Сергеј Бздникин, амабасадор на Руската федерација во Македонија.

Во Битола, пред споменикот “Руски крст“ поставен во чест на рускиот конзул Сергеј Аркадиевич Ростковски кој таму во атентат беше убиен во 1903 година, со положување цвеќе, традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста