Ќе ги заузда ли некој лакомите трговци – граѓаните се жалат, пред маркетите хаос

За 10% па и повеќе проценти биле поскапени дел од производите по големите маркети, се пожалија граѓаните пред камерата на Алфа. Велат во ваква ситуација каде владее страв и кога се создаваат редици пред маркетите, државата мора да направи нешто за да ги заштити граѓаните и да не дозволи трговците од ракав да ги креваат цените.

– Скоро се е поскапено за 10%, па може и повеќе. Тоа сега е деновиве откако сите гледаат дека масовно се купува. Абе ова е катастрофа, ако вака продолжи кој знае како ќе биде, се пожалија граѓаните пред нашата камера пред еден од скопските поголеми маркети.

Нервозата на граѓаните знае и да излезе од контрола кога се чека ред пред дуќаните.

Она што дополнително загрижува е што ваквата состојба е во услови кога низџ маркетите се продаваат стоки од залихите во магацините. Оттука и потребата од засилена контрола за да нема злоупотреби и нереално качување на цените.

Алфа праша во министерството за финансии дали планираат да интервенираат слично како Хрватските или српските власти кои ги замрзнаа цените на дел од производите. Одговорот е дека се уште се разгледуваат опциите и интензивно работеле за одговор на предизвикот.

– Економскиот тим на Владата е во постојана комуникација и координација со стопанските комори за сите барања кои ги имаат, заеднички се работи на создавање на нови мерки, не се брза со нивна имплементација, да не се паушални, туку да дадат ефекти. Во моментов економскиот тим работи на цел сет на мерки коишто ќе бидат соопштени утре или најдоцна до среда, велат од финансии.

Не само во маркетите, перуиодов повеќе граѓани реагираа и за производите кои се продаваат во аптеките. Најмногуи за заштитните маски. Нив ги има во продажба, но проблем е што се продаваат по неколјкупати повисока цена.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста